Орбан: Плановите на американскиот екс-претседател и актуелен претседателски кандидат Доналд Трамп за мир во Украина се детални и со добра основа

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Hungarian Prime Minister Viktor Orban speaks during a press conference in Budapest, Hungary, June 12, 2024. REUTERS/Marton Monus
- Advertisement -
Ad image

Плановите на американскиот екс-претседател и актуелен претседателски кандидат Доналд Трамп за мир во Украина се детални и со добра основа, напишал унгарскиот премиер Виктор Орбан во своето неодамнешно писмо до највисокото тело во Европската унија, пишува британски Гардијан.

Ова писмо на Орбан веќе ги разгори тензиите во ЕУ, а тој беше обвинет од колегите дека изигрува дипломат во името на ЕУ за време на унгарското претседателство со Унијата.

Орбан, кој се сретна со Трамп во неговиот комплекс во Палм Бич минатата недела, му пишал на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел дека Трамп е подготвен да дејствува како посредник за мир веднаш откако ќе биде избран за нов претседател на САД.

„Веројатниот исход“ од победата на Трамп значеше дека ЕУ треба повторно да ги отвори „директните линии на дипломатска комуникација“ со Русија и „политички разговори на високо ниво“ со Кина, напишал Орбан.За писмото прв извести „Фајненшл тајмс“, а до него увид имаа повеќе западни медиуми.

Унгарскиот премиер напишал и дека веројатната победа на Трамп ќе значи дека финансискиот товар за поддршка на воените напори на Украина ќе се префрли на штета на ЕУ.

„Повеќе од убеден сум дека во веројатниот исход од победата на претседателот Трамп, процентот на финансискиот товар меѓу САД и ЕУ значително ќе се промени на штета на ЕУ кога станува збор за финансиската поддршка на Украина“, напиша тој.

Орбан, исто така, рече дека по неговите неодамнешни разговори со рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг и украинскиот претседател Володимир Зеленски, „општото мнение“ е дека „интензитетот на воениот конфликт радикално ќе ескалира во блиска иднина”.

Европската стратегија, напиша Орбан, ја „копираше провоената политика на САД“. Тој повика на дискусија за тоа „дали продолжувањето на оваа политика е рационално во иднина“.

Share This Article