More

    „Орбан ја турка Унијата кон работ“

    spot_img

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан редовно ја турка ЕУ до работ, а дипломатите сега стравуваат дека неговото непријателство кон Украина ќе го турне блокот во последната бездна, пишува бриселскиот медиум „Политико“.

    Извори за „Политико“ велат дека Орбан чувствува дека неговото време доаѓа во пресрет на планот на ЕУ да донесе историска одлука за прием на Украина на самитот во декември со што земјата ќе добие „спасувачки“ 50 милијарди евра. Унијата е загрижена дека Орбан може да ја саботира одлуката и затоа се размислува за „нуклеарната опција“ во Уунијата – воведување санкции кон Унгарија.

    Унгарија претставува само два отсто од населението на ЕУ, а Орбан може да ја држи во заложништво целата ЕУ. Се потсетува и дека тој беше најгласниот противник на санкциите против Русија од анексијата на Крим од Путин во 2014 година.

    – Ние се движиме кон голема криза – изјави еден функционер на ЕУ за Политико кој сакаше да остане анонимен, додека друг, кој исто така не сакаше да се спомене неговото име, рече дека тоа може да биде еден од најтешките европски совети.

    Официјален Брисел теоретски би можел да започне постапка од член 7 на ЕУ против Унгарија. Ова се користи кога се смета дека една земја е во опасност да ги прекрши темелните вредности на Унијата.

    Некои ја нарекуваат оваа постапка „нуклеарна опција“ затоа што ја предвидува најсериозната санкција што блокот може да ја воведе на земја-членка- суспензија на правото на глас за одлуките на ЕУ.

    Меѓутоа, во Брисел стравуваат дека иницирањето на член 7 против Унгарија може да предизвика контраефект и да доведе до излегување на Унгарија од ЕУ.

    – Орбан ја игра долгата игра. Со Вилдерс (во Холандија), еден или двајца други екстремно десничарски лидери во Европа и потенцијалното враќање на Трамп во САД, тој наскоро може да биде помалку изолиран отколку што мислиме – изјави претставник на ЕУ за Политико.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img