Унгарското претседателство со ЕУ не ѝ дава мандат за преговори за Украина, но може да ги охрабри сите страни да тргнат по пат кој ќе заврши со преговори, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, јавува РИА Новости.
– Уште еднаш ќе појаснам дека унгарското претседателство не дава мандат за преговори во име на ЕУ, но можеме да дознаеме до каде е која страна подготвена да оди. Откако ќе го дознаеме тоа, лидерите на ЕУ можат заедно да носат одлуки, а по одлуките ќе може да се преговара. За жал, сè уште сме далеку од тоа – изјави Орбан.
Според него, Унгарија „нема доволно тежина“, но може да стане „инструмент во рацете на луѓето кои сакаат мир“ и да ги поттикне двете страни на „долг пат, на крајот од кој може да има прекин на огнот и мировни преговори“.
Унгарските медиуми во четвртокот објавија дека унгарскиот премиер Виктор Орбан и министерот за надворешни работи Петер Сијарто во петок ќе ја посетат Москва.