Размената на затвореници меѓу Украина и Русија е една од опциите во преговорите меѓу двете страни, изјави Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Подољак истакна дека во текот на денот ќе биде разјаснета ситуацијата околу хуманитарните коридори.
Според него, третата рунда преговори меѓу Украина и Русја би можела да се одржи на 5 или 6 март.