More

    Општините и јавните претпријатија натрупаа долг од 444 милиони евра

    spot_img

    Само првите пет најзадолжени ЈП на централно и на локално ниво на крајот од јуни имале доспеани а неплатени обврски во износ од 68 милиони евра а петте најзадолжени општини во кои е вклучен и Град Скопје, на крајот од првото економско полугодие, заедно должеле 33,1 милион евра, пишува Порталб.мк.

    Кои се најзадолжените општини и јавни претпријатија рангирани во првите 30 на новата должничка листа?

    На списокот од вкупно 899 најзадолжени институции, агенции, општини, јавни претпријатија, на високото второ место е ЈП МЖ Инфраструктура со доспеани и неплатени обврски во износ од 34,4 милиони евра.

    На 8 место на новата должничка листа на Министерството за финансии е ЈП Колекторски систем – Скопје со пријавен долг од 9,4 милиони евра.

    Не само ЈП на централно ниво туку и ЈП на локално ниво и натаму високо котираат според висината на долгот – на 10 место е ЈП Водовод Куманово со ЦО Куманово со пријавен долг поголем од 8,8 милиони евра а веднаш зад него е ЈП Водовод и канализација Скопје со должнички износ од 8,5 милиони евра.

    На високото 13 место со долг од скоро 6,8 милиони евра е ЈСП Скопје, кое заедно со едно од најзадолжените ЈП Водовод и канализација се под „капата“ на Град Скопје.
    На 14 место е ЈП Водовод Охрид кое на крајот од јуни пријавило долг во износ од 6,1 милион евра додека по него е уште едно локално јавно претпријатие – ЈКП Тетово Ц. О Тетово со должнички износ од 5,4 милиони евра. Со милионски долгови се и ЈП Комуналец Струмица со 4,6 милиони евра, ЈП Комуналец Гостивар со долг од 3,8 милиони евра, ЈП МРТ со должнички износ од 3,6 милиони евра, ЈП Водовод и Канализација Струга со 3,5 милиони евра, ЈП Чистота и зеленило – Куманово со долг од скоро 3,4 милиони евра

    Според новите податоци сите јавни претпријатија на централно ниво и државните фирми имале долг од 163,8 милиони евра додека јавните претпријатија на локално ниво 80,3 милиони евра.

    Во првите десет најзадолжени општини е Општина Тетово со долг од 12,2 милиони евра. За три месеци општината успеала да ги намали доспеаните е неплатени обврски за речиси 2 милиона евра, но оваа општина и натаму останува најзадолжена, рангирана на високото 7 место на новата должничка листа на Министерството за финансии.

    Втора најзадолжена е Општина Гостивар која на крајот од првото економско полугодие пријавила неплатени обврски во износ од 8 милиони евра и за три месеци долгот е зголемен за околу 50 000 евра.

    На високото 17 место на должничката листа е Град Скопје со доспеани а неплатени обврски во износ од скоро 5 милиони евра, за три месеци пораст на долгот за околу 2 милиони евра. Општина Охрид со долг повисок од 4,7 милиони евра е рангирана веднаш зад Град Скопје, на 18 место а Општина Делчево рангирана на 26 место е со долг од 3,1 милиони евра.

    На крајот од јуни вкупниот внатрешен долг изнесувал 443,5 милиони евра и на квартално ниво е зголемен за околу 2,2 милиони евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img