More

    Општина Тетово му објасни на ФК Тетекс зошто не му дозволува да ги користи градските стадиони

    spot_img

    Општина Тетово испрати реакција по вчерашното соопштение на ФК Тетекс во кое клубот посочи дека не му е дозволено користење на двата фудбалски стадиони и дека нема резултати од повеќемесечните обиди за договор со општината.

    Општина Тетово смета дека досега имале коректен однос со клубовите и нивната медиумска реакција била непотребна. За користење на стадионот имаат услов-кога клубовите ќе бидат во Прва лига.

    „Општина Тетово отсекогаш постапувала транспарентно и одговорно кога бил во прашање соживотот меѓу заедниците. Во оваа насока, реакцијата на двата фудбалски клуба во однос на користењето на спортските терени во нашиот град е јасно кршење на оваа традиција на транспарентност и одговорност. Нивната последна реакција беше сосема непотребна и неодржлива. Средба со претставници на клубовите имаше и се постигна јасен консензус. Градскиот стадион да се користи само за фудбалски натпревари во Првата лига на Северна Македонија и меѓународни фудбалски натпревари, но и за натпревари од особено значење, како на пример полуфинале и финале во Купот на Македонија. Од овој аспект, општина Тетово покажува решеност да гарантира дека овој стадион треба да биде опремен со сите потребни услови и стандарди, како еден модерен и функционален објект кој ќе ги исполни сите барања на спортска арена од високото ниво во нашиот град“, се вели во соопштението на Општина Тетово.

    Од општината велат дека за сите клубови што не се во Прва лига дека ќе се уредат други терени.

    „За екипите кои настапуваат во пониските лиги, општината има јасен став: ќе се уредат и други терени опремени со сите потребни услови за спортски натпревари. Така, еден терен ќе се гради кај Спортскиот центар во градот, а друг во село Сараќино. Двата терени ќе бидат опремени со потребната инфраструктура, вклучително и соблекувална за тимовите и канцеларии за клубовите. Со овие чекори, Општина Тетово ја потврдува својата посветеност за унапредување на спортот на високо ниво, транспарентност и правда за сите заедници кои живеат во нашиот град“ – се вели во соопштението на Општина Тетово.

    Со реакција за истиот случај денеска се јави и владиката на Тетовско-гостиварската епархија при Македонската православна црква г. Јосиф. Тој испрати соопштение со кое изразува целосна и безрезервна поддршка на јавниот апел за рамноправен третман на фудбалските клубови Тетекс и Љуботен од Тетово.

    – Примајќи ја грижата на својот верен народ и истакнувајќи ја својата посветеност за мир, соработка и соживот Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, како надлежен владика на Тетовско-гостиварската епархија на Македонската православна црква изразува целосна и безрезервна поддршка на јавниот апел за рамноправен третман на македонските фудбалски клубови „Љуботен“ и „Тетекс“, кои се вистинско и маркантно обележје на македонскиот спорт и долгогодишна спортска традиција, се вели во соопштението на Тетовскиот-гостиварската епархија.

    Тој упати повик до властите да обезбедат рамноправен третман.

    – Митрополитот ги повикува Општина Тетово, властите и одговорните со зголемено внимание да постапуваат во насока на овозможување на соодветен простор за делување и развој на сите луѓе, групи, клубови и организации, без разлика на нивната национална припадност. Секој човек има права и слободи, а секој заслужува рамноправен третман! Демократијата не завршува кога ги остварувате Вашите права, а почнува онаму каде започнува Вашиот интерес и за правата на другиот, се вели во соопштението на Тетовскиот-гостиварската епархија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img