Општина Дебрца го усвои Локалниот акциски план за управување со отпад, документ со кој ќе овозможиме континуирано стратешко планирање за управување со отпадот на локално ниво, како и заштита на животната средина и на природните убавини и реткости во Општината.
Целта на Локалниот акциски план за управување со отпад е да обезбеди податоци за тоа од каде потекнуваат проблемите во различни тематски области во управувањето со отпадот како и да даде одговор како подобро да управуваме со нив и како подобро да обезбедиме континуиран развој во Општината во управувањето со отпадот.
Со користење на современи методи и техники и алатки, вклучувајќи ја јавноста и останатите чинители како најважен сегмент во стратешкиот развој, Општината ги лоцираше проблемите во управувањето со отпадот и изврши распоред на приоритетни проблеми како и мерки и активности за нивно решавање. Локалниот акциски план е главен показател при решавање на проблемите со отпадот во Општината, но и алатка за изнаоѓање финансиски средства за имплементација на предвидените проекти.
Во наредниот период ќе се ангажираат сите ресурси за реализација на активностите во Локалниот акциски план за управување со отпад, со цел нивното спроведување да претставува најдобра промоција на нашата општина како место кое нуди услови за подобро живеење и здрава животна средина со нула отпад на својата територија.
Локалниот акциски план го подготви работна група составена од членови на општинската администрација и јавното комунално претпријатие, со поддршка од SALAR International и Шведската агенција за меѓународен развој.
Планот е достапен на следниот линк:
Локален акциски план за управување со отпад 2024 – 2025 https://debrca.gov.mk/wp-content/uploads/2024/02/%D0%9B%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD-%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BD-%D0%B7%D0%B0-%D1%83%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D1%81%D0%BE-%D0%BE%D0%B4%D0%BF%D0%B0%D0%B4-2024-2025.pdf