Најдоцна до 18 декември лидерите на опозициските партии на Албанците Изет Меџити, Африм Гаши, Биљал Касами, Арјанит Хоџа и Скендер Реџепи треба до претседателот на Собранието Талат Џафери да достават свој предлог за член на ДИК.
„Во прилог ви го доставувам извештајот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија. Истовремено ве известувам дека согласно членот 29 став 1 од Изборниот законик во рок од три дена од денот на приемот на ова известување, најдоцна до 18 декември 2023 година до 16:30 часот, потребно е писмено да ми доставите предлог за член на Државната изборна комисија од листата доставена во прилог на извештајот“, се вели во писмото на Џафери.
Опозициските партии на Албанците ќе добијат место во ДИК
