Опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Ковачевски наредил прислушкување на граѓаните

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека премиерот Димитар Ковачевски се впуштил во криминално дејание и наредил масовно прислушкување на граѓаните со шпионскиот софтвер „Предатор“. Во соопштение до јавноста партијата посочува и дека Јавното обвинителство цела недела молчи за скандалот.

Од партијата велат:

„Една недела обвинителството на СДС и ДУИ молчи за скандалот со шпионски софтвер Предатор кој има за цел прислушкување на граѓаните.

Една недела Димитар Ковачевски се крие и не одговара зошто дозволил спротивно на сите законски процедури Македонија да го купи шпионски софтвер Предатор.

Фирмата Сајтрокс која е на црната листа на САД поради нарушување на сајбер безбедноста на граѓани и организации низ светот, го развила шпионскиот софтвер „Предатор“ во Скопје. Со овој софтвер, Ковачевски и СДС незаконски ги следат и масовно прислушкуваат граѓаните и директно го кршат уставното право на приватност и тајност.

Ковачевски сака преку низа криминални дејанија да опстои на власт. Ковачевски навлегува во приватноста на граѓаните, притоа нарушувајќи го имиџот на државата пред стратешкиот партнер поради соработка со фирма која е на црната листа на САД.

И шефот на грчкото разузнавање јасно потврдуви дека овој софтвер се користел во Грција за шпионажа на политичари, медиуми и бизнисмени, а истиот се користел и во Македонија.

И поради тоа се поставува прашањето дали Ковачевски со овој шпионски софтвер сакал да ги уценува и да им се заканува на неговите политички неистомисленици за да направи некое ново криминално дејание?

Ковачевски и СДС мора да одговорат пред цела македонска јавност, која е целта за шпионскиот софтвер во Македонија?

- Advertisement -
Ad image

ЈО веднаш да постапи по допрен глас и да покрене истрага зошто Ковачевски се дрзнал да го набави софтверот Предатор и колкав е бројот на граѓани кои се следат и прислушкуваат?

Ковачевски и владата ќе одговараат за злосторничко здружување против безбедноста и приватноста на граѓаните“, стои во прогласот на ВМРО-ДПМНЕ.

Share This Article