Сликата од прес конференцијата на Ковачевски каде тој зборуваше за ВМРО-ДПМНЕ, а не за слепата улица во која тој ја донесе државата е сликата за нервозни, исплашени луѓе кои се загрижени за својата лична иднина за сметка на иднината на државата – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на премиерот Димитар Ковачевски на која тој посочи дека „Владата сите политички партии и сите политички чинители од проевропскиот фронт се единствените кои мислат добро и за државата, и за граѓаните и се за интеграција на државата во ЕУ“, додека „единствената идеологија на ВМРО-ДПМНЕ е блокада и изолација“.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак, велат дека Ковачевски треба да се извини затоа што лажел дека има мнозинство и дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило уставни измени.
„Навистина е неважно што мисли повеќе Ковачевски во државата зошто тој е нелегитимен премиер на Влада која е нелегитимна. Денес Ковачевски требаше да се извини што лажеше цела година дека има мнозинство и дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило уставни измени.
Во трката за 80 пратеници ја изгубија кохезијата и подршката од пратениците од власта зошто на сите и во СДС им е јасно дека предлогот е штетен и дека бугарскиот диктат не треба да се испопни.
Решението е едно: оставка и избори“ – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.