More

    Опозицијата само проверуваше дали може да делува здружено, велат од Вреди

    spot_img

    Како и во секој политички експеримент, така и во интерпелацијата за претседателот на Собранието, Африм Гаши, има неопходни елементи, реагираше Вреди преку соопштение.

    „Потребен е мотив како аеродромскиот инцидент. Потоа, координирано се креира хистерија во јавноста. На фанфари се бара политичка одговорност. Се прави конструкција со обезбедувањето на претседателот на Собранието. Левица е подносител на интерпелација, СДСМ е поддржувач, а ДУИ бара алиби за јавно да влезе во ова друштво и од страничен подбуцнувач да ја преземе улогата на политички координатор. Што е целта? Сигурно не е одбрана на дипломатските односи со Косово, ниту Охридскиот Рамковен договор, туку целта е да се предизвика политички земјотрес. Зошто? За да се стави на тест владиното мнозинство и некој да провери дали опозицијата може да најде заеднички интерес да делува здружено“, се вели во реакцијата.

    Пратениците на Вреди, посочено е таму, се подготвени да ја бранат честа на албанскиот народ, стратешкото партнерство со САД и ЕУ вредностите.

    „Клучната дилема е дали ДУИ до толку е исплашена од тоа што следи што е подготвен да се координира и со Левица само да не се зборува за криминалот на нивните поранешни функционери? Доаѓа време за вистината“, наведено е во реакцијата на Вреди.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img