More

    Опозицијата притиска Антикорупциска да отвори предмет за владините софтвери

    spot_img

    Веќе 10 дена чекаме ДКСК да пројави интерес како е можно 40 милиони евра да се даваат за лиценци на фирма каде што доминира колега на премиерот? Ја повикуваме ДКСК да одговори дали тоа не е основа за сомнеж за корупција – изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на прес конференција одржана пред Државната комисија за спречување корупција.

    – Очекуваме ДКСК да се произнесе и за првиот и за вториот тендер за оваа фирма, односно зошто е направен тендер на 15 милиони евра, со намалени услови пред 3 години? И веднаш потоа, по неполни 3 години, за истите услуги, 25 милиони евра, односно 10 милиони евра повеќе?

    Притоа, Ковачевски на Влада го минува истиот колега како Конзул на странска држава, што значи Владата сега набавува софтвери за Владата и за администрацијата од човек којшто застапува странски интереси?

    Очекуваме ДКСК да отвори предмет, и во најкус рок да се изјасни за скандалот. 40 милиони евра е сериозна сума, дури и за оваа криминална власт – рече Стоилковски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img