Опозицијата обвинува за непотизам

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Артан Груби го приватизира министерството, наместо по компетенции вработува роднини. Со одлука на Груби од 21.03.2022 година на работно место самостоен референт за стратешко планирање, креирање на политики и следење, во Одделение за стратешко планирање,  креирање на политики и следење е вработен Сезар Груби, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е директен непотизам, и во спротивност со Законот за спречување на корупција. Во министерството каде Артан Груби е министер, со негов потпис, се вработува неговиот роднина? ДКСК веднаш да го испита случајот и да се поништи одлуката за вработување. Груби, е синоним за тоа како врвот на ДУИ ги злоупотребува институциите за вработување на своите блиски луѓе“, порачаа од редовите на опозициската партија.

Share This Article