More

    Опозицијата го обвини Ковачевски, наместо да им помогне на граѓаните, премиерот дополнително ги зголемува цените

    spot_img

    ММФ прогнозира двоцифрена инфлација за Македонија, а Ковачевски дополнително зголемува цени, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ.

    Проекциите на ММФ се дека Македонија ќе ја заврши 2023 година со двоцифрена инфлација.

    „Во моментот Македонија има за 50% поголема инфлација од Еврозоната. Бројките и фактите покажуваат дека инфлацијата не е увезена, туку дека е во целост производ на неспособноста и криминогеноста на Ковачевски и Ахмети. И наместо власта да презема мерки за намалување на инфлацијата, Ковачевски го зголемува ДДВ за 1.000 производи, а со тоа и цените на најголем број од основните прехранбени продукти“, тврдат од ВМРО ДПМНЕ.

    Најголемата опозициска партија преку соопштение вели дека додека народот се обидува да го преживее секој месец, борејќи се со енормната инфлација, која го јаде нивниот леб, во владиното бифе, каде јадат високите функционери на ДУИ и СДС, има бифтеци и сланина, по багателни цени.

    „Истите овие, што се сладат секојдневно по багателни цени, во владиното бифе, ги поскапеа лековите, витамините, детската храна, конзервираните производи, цвекло, брашно, чај, урда, сирење, кашкавал, зденки, замрзнати теста, феферони и овие производи ги прогласија за луксуз. Во Македонија веќе до крајот на оваа година, според меѓународните организации 600.000 граѓани ќе живеат на самиот раб на егзистенција, а околу 80 илјади граѓани, живеат живот, со помалку од едно евро на ден. Ваква безидејност и бедотија никогаш немало во Македонија. Тоа ќе се смени набрзо и новата влада, предводена од ВМРО- ДПМНЕ, веднаш ќе работи на подобрување на стандардот на граѓаните“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img