Кумановската противпожарна единица интервенирала на опожарено моторно возило во село Тромеѓа, соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи од Куманово.
Пожарникарите синоќа го гаселе пожарот еден час од 22:35 до 23:35 часот со едно противпожарно возило и пет пожарникари.
И од МВР го потврдија случајот и посочија дека во 22:37 во кумановската полиција било пријавено дека во дворно место во село Тромеѓа, сопственост на М.П. настанал пожар на „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 40 годишниот А. С од Скопје, кој непосредно пред тоа пристигнал во дворот со возилото. Полицијата извршила увид.
Претходно, полицијата информираше дека од јануари до март во Куманово опожарени биле четири автомобили, три во Куманово и еден автомобил во липковското село Оризаре. Лани, пак биле евидентирани пожари на 13 возила.