Опасен пожар беснее во фабрика за бои и лакови во село Фалиште, тетовско. Како што може да се види од фотографиите огнените јазици го зафатиле целиот објект од кого се шири и густ црн чад.
Според пријавата за пожар во ЦУК, преку Единствениот број за итни повици 112 гори во фабриката за бои и лакови ,,Еуроком”. Пожарникарите од ТППЕ Тетово веднаш се излезени на терен. На припомош пристигнале и колегите пожарникари од Гостивар.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, по првичната координација на ЦУК за опасниот пожар кај с. Фалише се упати во Тетовско.
„Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, по првичната координација на ЦУК за опасниот пожар кај с. Фалише се упати во Тетовско. Според пријавата за пожар во ЦУК, преку Единствениот број за итни повици 112 гори во фабриката за бои и лакови ‘Еуроком’. Пожарникарите од ТППЕ Тетово веднаш се излезени на терен. Од Ангелов е координирана помош од пожарникарите од Скопје, Гостивар, Велес и Куманово. Побарана е и помош од гостиварски приватни фирми коишто можат да помогнат со машинерија, бидејќи ситуацијата е алармантна за расчистување на материјалите што се во магацинот, а не се фатени од пожарот. Инаку, Ангелов координираше и за ангажман на хеликоптер од МВР, но временските услови во Тетово (густа Магла) не дозволуваат гасење на пожар од воздух во овој момент“, соопшти ЦУК.
До населението е издадена препорака да ги затвори прозорците од своите домови и да не престојува надвор, на отворено.