Опасен насилник од Аеродром ќе се најде зад решетки, ја тепал поранешната сопруга пред децата

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека повело постапка против 42-годишно лице за кое постои основано сомнение дека при вршење семејно насилство сторило продолжено кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

На 10 јули, пред зграда на булеварот Јане Сандански, осомничениот кај поранешната сопруга ги враќал двете малолетни деца, за кои имале спогодба за видување. Најпрвин инсистирал да се качи во станот и да разговараат, а кога оштетената не му дозволила, пред влезот им го попречил патот и започнал да ја удира со тупаници во пределот на главата, да ја стиска за вратот и рацете. Повикот за помош на оштетената го слушнале тројца таксисти, кои го оттргнале осомничениот. Нападнатата жена настанот го пријавила во полициска станица.

На 4 август, осомничениот отишол на работното место на оштетената и најпрвин вербално ја нападнал, упатувајќи ѝ заканувачки и погрдни зборови. Откако заминал, продолжил да ѝ се заканува по телефон дека ако не согласи да се смират, ќе влезе во станот на нејзините родители и ќе ги убие сите.

Загрижена за безбедноста на нејзините деца и нејзините родители, оштетената настанот го пријавила во полициска станица. Во попладневните часови, осомничениот ја зел од градинка малолетната ќерка и се упатил кон станот на родителите на оштетената. Кога детето влегло во домот, таткото на оштетената го замолил осомничениот да си замине, но тој започнал агресивно да удира по влезната врата и да се обидува насилно да влезе. Оштетената и нејзиниот татко се обидувале вратата да ја држат затворена, а од туркањето се здобиле со телесни повреди – гребаници и исекотини.

Откако успеале да ја заклучат вратата, осомничениот, занемарувајќи го фактот што повторно биле присутни малолетните деца, продолжил да им се заканува дека ќе ги убие и да се однесува агресивно. Оштетените повикале полиција, која го затекнала осомничениот пред станот и го привела.

Надлежниот јавен обвинител оцени дека постојат околности кои што укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство, па до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​

Share This Article