Обединетите нации објавија дека 87 тела се пронајдени во масовна гробница во суданскиот регион Западен Дарфур.
Наводно, овие луѓе биле убиени од страна на суданските паравоени сили.
Според „веродостојните информации“, телата на 87 лица, од кои некои припаѓаат на племето Масалит, биле фрлени во две плитки гробници во близина на градот Геинине во Западен Дарфур.
Конфликтот во Судан избувна во средината на април по неколкумесечна тензија меѓу генералот Абдел Фатах Бурхан и неговиот ривал генерал Мохамед Хамдан Дагало, командант на паравоените сили за брза поддршка (РСФ), избувна во отворена борба.
Во почетокот, борбите беа ограничени само на главниот град Картум, а подоцна конфликтите се проширија низ Судан.