Канцеларијата на Обединетите нации во Женева на социјалните мрежи го објави обемот на нападот врз Газа, цитирајќи го извештајот на УНРВА, агенцијата на ОН за палестински бегалци.
Агенцијата за бегалци на ОН UNWRA објави застрашувачка информација на својата сметка на платформата „Х“:
„Во просек, на секои десет минути за време на војната во Газа се убива по едно дете, а две деца се ранети, пренесува УНРВА. Децата се „не се мети“, се наведува.
Повеќе од 4.000 деца се убиени во Газа, додека бројот на загинати се приближува до 10.000.
Од 2.600 Палестинци пријавени како исчезнати во урнатините од воздушните напади, околу 1.270 се деца, според Министерството за здравство на Газа.
Речиси половина од загинатите во Газа се деца, а оние деца кои ги преживеале нападите сега се оштетени и физички и психички, според Детската агенција на ОН.
„Ситуацијата е катастрофална за децата низ Појасот Газа“, изјави портпаролот на УНИЦЕФ Тоби Фрикер за Ал Џезира.
Газа – местото каде што во најкраток временски период се убиени најмногу деца
Водечката хуманитарна организација за деца „Спасете ги децата“ објави уште една статистика во која се наведува дека бројот на убиени деца за само три недели во Газа е поголем од бројот на убиени во вооружени конфликти на глобално ниво – во повеќе од 20 земји – за време на цела година, во последните три години.
Агенциите повикаа на итен прекин на огнот.