Обединетите нации предупредија дека ситуацијата на окупираниот Западен Брег брзо се влошува и апелираа до Израел да престане да го убива палестинското население.
„Употребата на воени тактики и оружје во контекст на спроведување на законот, употребата на непотребна и непропорционална сила и наметнувањето на широки и дискриминаторски ограничувања на движењето, кои ги засегаат Палестинците, се крајно проблематични“, рече Волкер Турк, висок комесар на ОН за Човекови права, објави агенцијата.Франс прес.
Од ненадејните напади врз јужен Израел на 7 октомври, израелската војска уапси повеќе од 2.550 Палестинци на Западниот Брег, вклучително и 1.300 со врски со Хамас.
Според Министерството за здравство на палестинските власти, оттогаш се убиени повеќе од 300 Палестинци.