More

    Омилената туристичка дестинација го средува нередот и развратот

    spot_img

    На посетителите на Амстердам од 2024 година ќе им се наплаќа највисоката туристичка такса во Европа. Холандскиот град кој е познат како омилена туристичка дестинација во Европа, ја презема оваа мерка во обид да се намали нередот низ градот и последиците од масовниот туризам.

    Зголемувањето на цената ќе биде до 12,5%, што значи дека со просечна цена за ноќевање од 175 евра по лице, данокот за престој ќе порасне од 15,25 на 21,80 евра за ноќ.

    „За споредба, туристичките такси во Барселона во просек се околу 2,25 евра по лице дневно, додека во Париз генерално, може да се очекува да платите околу 4 евра по лице за ноќ“ – пишува на веб-страницата Lonely Planet.

    Зголемената такса ќе значи поголем придонес за градот и средување на нередот, сметаат градските власти.

    „Таксата за престој се зголемува за посетителите да дадат поголем придонес за градот, а мерката ќе придонесе и за борба против нередот и масовниот туризам“ – соопштија градските власти.

    Амстердам, дом на еден милион луѓе, во последните години се мачеше да се справи со 20 милиони посетители годишно, од кои многумина поминуваа само еден ден во градот.

    „Со цел да се одржи квалитетот на животот во Амстердам, градот работи на спречување на типот на туризам кој предизвикува непријатности кај населението, но и кај туристите и одреди максимален број на посетители“ – соопштија властите во Амстердам.

    Амстердам долго време е магнет за хедонисти, кои најчесто ги привлекуваат кафулињата за марихуана и квартот на црвените семафори, а за градот веќе претставуваат проблем честите пијанства и немири.

    Така, на пример, оваа година на британските туристи им беше порачано своите често развратни ергенски забави, да ги организираат на друго место.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img