Во последниве години, Новак Ѓоковиќ често се подготвува во Марбела, каде што купи вила кратко откако го помина речиси целиот период таму за време на пандемијата на коронавирус.
Својот мир го нашол во оваа вила, а во близина е клубот „Пуенте Романо“ каде сака да тренира. Секако, самата вила има тениско игралиште кога тој ќе реши тренингот да го одработи од својот дом.
Се појавија разни информации за цената. Според агенцијата за недвижности, вредноста на куќата на Ѓоковиќ во Марбела изнесува 8,5 милиони долари, а проценките во медиумите се дека таа сега вреди околу 10 милиони евра. Никогаш не е потврдено или демантирано колку точно платил српскиот ас за неговата шпанска резиденција за одмор.
Италијанскиот весник „Кориере дело спорт“ напиша дека вилата има мала кино сала, теретана, мал спа центар, девет соби… Има и осум бањи, внатрешен базен и огромна, луксузна дневна соба. Вилата има 1.000 квадратни метри, со уште 3.500 квадрати земјиште. Има тениско игралиште, соба за забава, скара, голема градина и фудбал на маса.„Резиденцијата на Новак во Марбела се наоѓа на пет минути од центарот на тоа место, со поглед на морето и на планините“ – се наведува во текстот на италијанскиот весник кој потврдува дека станува збор за луксузен имот со редок поглед.
Новак плаќал 10.000 евра неделно за кирија, а таму минал два месеци со сопругата Јелена и децата Стефан и Тара за време на короната.
„Шпанскиот печат пишува дека цената е толку, но се чини дека сепак е малку „надуена“ сума. Новата „куќа“ на српскиот ас е апсолутно удобна: од мала кино сала до теретана, од мал спа центар до, се разбира, тениско игралиште. Располага со девет соби, осум бањи, внатрешен базен, неколку соби за дневен престој и посебна просторија за рекреација, со билијард и пинг-понг“ – пишува „Кориере дело спорт“
Јелена смета дека ова е идеална средина за воспитување деца, се наоѓа во Андалузија и во Марбела живеат голем број познати личности кои токму поради тоа имаат малку поголема приватност. Марбела има 140.000 жители, а климата е одлична во текот на целата година.
Вилата се наоѓа на 60 километри од Малага, а Новак сака да поминува време во Коста дел Сол.
Тој во една прилика објасни зошто Ѓоковиќ решил да купи вила таму.
– Тоа е еден од најубавите делови на светот. Го обожувам фактот што тука има сонце преку целата година и за тенисер нема многу подобри места кога станува збор за времето во Европа. За тенисерите, доаѓањето овде во различни делови од сезоната и годината е важно, бидејќи секогаш можете да играте тенис надвор. Тоа е многу важно за почетокот на годината и турнирите во Австралија – откри Новак Ѓоковиќ.