Оливера Балашевиќ гостувала во емисијата „Агапе“, во која проговорила за нејзината последна средба со сопругот Ѓорѓе Балашевиќ, кога тој лежел во болница по заразувањето со коронавирусот.
Оливера во емисијата рекла дека се виделе низ прозорецот и таа средба ја споредила со почетоците на нивната љубов, кога ја повикувал на прозорецот од студентскиот дом во кој живеела.
„Тој доаѓаше под прозорецот од мојот студентски дом. Имавме наша свирка и знаев дека пристигнал. Истрчував набрзина долу надевајќи се дека тие моменти ќе бидат полни со смеа, оригинални духовити забележувања и прошетки.
За жал, кога бил примен во болница, не беше дозволен пристап до инфективното одделение. И тогаш додека шетав околу зградата наидов на една познаничка и ја прашав дали отприлика знае каде е неговата соба и каде му е прозорецот. Таа ми рече дека е на приземје и ме однесе зад зградата. И секако се видовме. Само ја подаде ракака и ме поздрави на истиот начин, како да нема ништо фатално тука. Дека нема разделба.
И така е таа наша приказна со прозорците… Верувам дека тој засекогаш остави еден прозорец низ кој комуницираме и до ден-денес. Јас му мавтав и му покажував да биде силен и цврст… Го повикував, како што тој мене ме повикуваше од студентскиот дом. За него тоа сигурно би била некоја нова песна со која прво ќе ме расплачеше мене, а потоа и генерации и генерации…“ изјавила Оливера, пренесува „Индекс.хр“.