More

    Олимпискиот шампион Џанмарко Тамбери ѝ се извини на сопругата откако синоќа го изгуби венчалниот прстен на отворањето на Олимписките игри во Париз

    spot_img

    Олимпискиот шампион Џанмарко Тамбери ѝ се извини на сопругата откако синоќа го изгуби венчалниот прстен на отворањето на Олимписките игри во Париз.

    Скокачот во вис, кој ја дели титулата со Мутаз Баршим од Олимпијадата во Токио, изјави дека прстенот му се лизнал од прстот додека пловеле со брод по реката Сена со италијанскиот тим.

    Тамбери е знаменосец на Италија заедно со Аријана Ериго. По агонијата со прстенот тој ѝ се извинил на сопругата преку Инстаграм.

    „Жалам љубов моја, многу жалам. Премногу вода, премногу изгубени килограми во изминатите неколку месеци или можеби неконтролиран ентузијазам за тоа што го правевме. Веројатно сите три нешта, самиот факт дека го видов како лета, го слушнав… Го следев со поглед кога видов дека потскокнува на бродот. Зрак на надеж… Но, за жал, потскокнувањето беше во погрешна насока и откако се преврте во воздухот илјадници пати видов како потона во водата како тоа да беше единствено место каде што сакаше да биде. Неколку мига кои траеја како вечност. Така требало да биде. Ќе остане засекогаш во коритото на градот на љубовта, одлетано додека го веев италијанското знаме колку што можев повисоко на церемонијата на отворањето на најважниот спортски настан на светот“, напиша Тамбери.

    Тој додаде дека ова ќе биде повод да ги обноват брачните завети и одново да се венчаат.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img