Околу сто пожарникари од петнаесет противпожарни служби го гаснат пожарот што избувна денеска на покривот на културниот центар Сомерсет Хаус во срцето на Лондон

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Околу сто пожарникари од петнаесет противпожарни служби го гаснат пожарот што избувна денеска на покривот на културниот центар Сомерсет Хаус во срцето на Лондон, објавија британските медиуми, повикувајќи се на објава на противпожарната служба на британската престолнина на „Х“.

– Причината за пожарот сè уште не е позната, се вели во соопштението на лондонската противпожарна бригада.

Екипите се борат со пламените јазици, кои се локализирани на дел од покривот.

Зградата, која се наоѓа на брегот на реката Темза, била изградена во 1547 година, а во тоа време била кралска палата. Галеријата Courtauld, во која се сместени некои од најголемите уметнички колекции во светот, се наоѓа во нејзиното северно крило.

Според информациите на ТВ каналот Скај њуз, денеска во Сомерсет хаус требало да се одржи брејк денс фестивал.

Share This Article