Околу две третини од светската популација е заразена со вирусот херпес симплекс тип 1 (HSV-1), кој обично предизвикува болни и грди плускавци околу устата

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Околу две третини од светската популација е заразена со вирусот херпес симплекс тип 1 (HSV-1), кој обично предизвикува болни и грди плускавци околу устата.

Истражувачите од Универзитетот во Јужна Калифорнија (USC) успеале генетски да го модифицираат вирусот на херпес симплекс тип 1 (HSV-1) за да го претворат во терапевтска алатка во борбата против напреден меланом – смртоносна форма на рак која често е отпорна на постојните терапии.

Во клиничко испитување на 140 пациенти, модифицираниот вирус, наречен RP1, бил користен во комбинација со веќе познат лек за рак, ниволумаб. Резултатите ги изненадиле дури и истражувачите: една третина од учесниците доживеале намалување на туморот за повеќе од 30 проценти, а кај речиси 17 проценти, туморите целосно исчезнале.

Д-р Џино Ким Ин од болницата „Кек Медисин“ во Лос Анџелес истакнал дека овој напредок е исклучително важен, со оглед на тоа што околу половина од случаите на метастатски меланом не реагираат на моментално достапните имунотерапии. Со оглед на тоа што меланомот во напредна фаза често се шири на органи како што се мозокот, белите дробови или црниот дроб, ефикасноста на новите пристапи како овој е особено значајна.

Неверојатно откритие

RP1 дејствува такашто ги инфицира и уништува туморските клетки, а во исто време го стимулира имунолошкиот систем за понатамошно активирање. За да го овозможат ова, научниците ги отстраниле гените од HSV-1 што предизвикуваат херпес и додале нови секвенци што ја зајакнуваат способноста на вирусот да ги таргетира клетките на ракот, штедејќи го здравото ткиво.
Интересно е што истражувачите забележале дека терапијата делувала не само на директно третираните тумори, туку и на оние што не ги инјектирале. Ова сугерира дека имунолошкиот одговор предизвикан од вирусот се шири и на далечните делови од телото, отворајќи ја можноста за поефикасен третман на метастазите.

Лекот RP1 се инјектирал на секои две недели, до вкупно осум пати, додека нивотолумаб се продолжувал како монотерапија на секои четири недели кај оние кои одговориле позитивно, објавува Њујорк пост.

Кои се несаканите ефекти?

Американската администрација за храна и лекови (FDA) веќе започнала постапка за приоритетна евалуација за оваа комбинирана терапија на почетокот на годината. Ниволумаб, познат и под трговското име Опдиво, ги спречува туморските клетки да се „кријат“ од имунолошкиот систем, што, кога се комбинира со RP1, значително го подобрува неговиот антитуморски ефект.

- Advertisement -
Ad image

Несаканите ефекти биле претежно благи, а терапијата била добро толерирана, отворајќи го патот за нови клинички фази. Испитување во фаза III во кое учествуваат повеќе од 400 пациенти е веќе во тек.

Овие резултати, презентирани на престижната конференција за онкологија ASCO и објавени во Journal of Clinical Oncology, би можеле да означат пресвртница во третманот на меланомот – со помош на вирус кој до вчера се сметал за непријатен, но безопасен придружник.

Share This Article