Околу два часа откако властите ја евакуираа Ајфеловата кула поради закана за бомба, на посетителите им беше дозволено да се вратат

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Околу два часа откако властите ја евакуираа Ајфеловата кула поради закана за бомба, на посетителите им беше дозволено да се вратат, објавија странските агенции, повикувајќи се на извор од француската полиција.

„Тоа беше лажна тревога, луѓето можат да се вратат внатре“, посочија од полицијата.

Кулата покрај реката Сена ја посетуваат околу 7 милиони луѓе секоја година.

Ајфеловата кула и околните области на француската престолнина денеска беа евакуирани по закана за бомба. На местото на настанот беа испратени експерти за деактивирање бомби, објави весникот „Паризиен“.

Share This Article