More

    ОКОЛУ 6.000 СРБИ ЗЕЛЕ КОСОВСКИ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ

    spot_img

    Косовската полиција соопшти дека продолжува заинтересираноста на граѓаните од српска националност да ги заменат возачките дозволи издадени од Србија со косовски возачки дозволи, така што од почетокот на мај, кога беа воведени одредени олеснувања за нивна промена, досега се поднесени речиси шест илјади барања, јави дописникот на МИА од Приштина.

    Заменикот началник на полицијата на Косово за северниот регион, Ветон Ељшани информира дека досега се поденесени вкупно 5.982 барања, од кои најголемиот број во четирите општини со мнозинско српско население во северно Косово.
    Во Лепосавиќ, според Ељшани се заменети 1.842 возачки дозволи, во Северна Митровица 1.449, во Звечан 1.099 и во Зубин Поток 908, а има барања од граѓаните и во другите општини низ земјата, како во Грачаница, Каменица, Штрпце итн.

    Косовското Министерство за внатрешни работи одлучи на почетокот на мај да овозможи премин од српски возачки дозволи издадени на граѓаните на Косово, кои за властите во Приштина се незаконски, на косовски возачки дозволи.

    Одлуката стапи во сила на 9 мај и важеше до 9 август, но поради интересот на граѓаните рокот е продолжен до 23 август. По истекот на овој рок, како што е најавено, повеќе нема да може да се вози во Косово со дозволи издадени од Србија и нема веќе да важат олеснувањата за нивна замена, меѓу кои е и неподлегнувањето на нов возачки испит.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img