Околу 51.000 македонски државјани ја посетиле Бугарија во јануари годинава, а над 29.000 Бугари патувале во Македонија, соопшти бугарскиот Национален статистички институт (НСИ).
Најбројни странски туристи во Бугарија биле Турците (162.900), Романците (125.6оо) и Грците (105.900).
Бугарите, пак, во јануари најмногу патувале во Турција (139.400), во Грција (97.000) и во Србија (51.100).
Во јануари, бројот на странски посетители во Бугарија изнесувал 741.300 или за 4,1% повеќе во однос на истиот месец лани.
Бројот на бугарски државјани кои патувала во странство во јануари 2024 бил 537.500, што е за 6,6% повеќе од јануари 2023 година.