More

    Околу 200 професионалци, припадници на армијата и на полицијата  утрово ќе го гаснат големиот пожар кој  го зафати и Мариово

    spot_img

    Околу 200 професионалци, припадници на армијата и на полицијата  утрово ќе го гаснат големиот пожар кој  го зафати и Мариово, каде што линијата на огнот се протега на  20 километри, информира Центарот за управување со кризи.

    Во пожарот ќе бидат вклучени и воздухоплови.

    – Пожарникарите од Прилеп, Битола, Новаци, Могила, Kaвадарци и Ресен денска ќе имаат и поддршка од 70 припадници на Армијата, од 20 припадници на специјалните единици на МВР, како и од триесет вработени во Национални шуми. Вкупно, 195 лица професионалци ќе бидат ангажирани на терен – изјави синоќа директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

    Во пожарот е зафатена нискостеблеста шума, а огнот влегол и во борова шума. Засега не се зафатени објекти, а нема опасност и за манастирот „Свети Илија“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img