More

    Околу 1.000 туристи се заробени во оддалечен зимски центар откако лавини ја погодија северозападната кинеска провинција Ксинџијанг

    spot_img

    Околу 1.000 туристи се заробени во оддалечен зимски центар откако лавини ја погодија северозападната кинеска провинција Ксинџијанг.

    Ројтерс пренесува соопштение на кинеската државна телевизија дека снегот длабок до седум метри и тешките временски услови ја попречуваат евакуацијата.

     

    Се наведува дека патот кој води до селото Хему, кое се наоѓа во близина на границите со Казахстан, Русија и Монголија, а каде туристите се заробени веќе неколку дена поради лавините во областа, е отсечен од цивилизацијата.
    Селото се наоѓа во префектурата Алтај, каде врне снег веќе десет дена.

     

    Поради обилните снежни врнежи започнаа десетици лавини, кои паднаа на некои делови од автопатиштата на планините Алтај.

    Кинеската државна телевизија објави дека во текот на изминатиот викенд некои од туристите биле евакуирани со хеликоптер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img