Охриѓанката Д-р Јана Шапкар Марин од идната недела постанува официјален преставник на Светската здравствена организација (СЗО) за Република Северна Македонија во министерството за здравство на РСМ ,дознава Охридскај од совои извори од министерството за здравство. Д-р Јана Шапкар Марин по професија е стоматолог. Во 2009 година магистрирала на престижниот универзитет „Бокони“ во Милано, на Одделот за интернационален здравствен менаџмент, економија и политика. Во минатото како советник на министерот за здравство работела на широк дијапазон теми од областа на здравствената политика и на економското планирање во јавното здравство. Д-р Јана Шапкар Мари менаџерските вештини пренесени од врвни предавачи ги надоградува во Harvard Business School и престижната Kellogg School of Management,а ги водела и клучните проекти на „Аџибадем Систина“.