Иако оваа есен ќе наполни 38 години, Лука Модриќ наскоро ќе потпише нов договор со Реал Мадрид под истите финансиски услови, што значи дека ќе остане трет најплатен фудбалер во соблекувалната на шпанскиот гигант.
Но, колку всушност заработува капитенот на хрватската репрезентација? CA Knowledge, познат интернет портал кој се занимава со проценка на нето вредноста на јавните личности, тврди дека Модриќ вреди 80 милиони долари нето.
Тој добива 700.000 долари или повеќе месечно, а заработува 10 милиони долари годишно. Покрај тоа што има богат договор со Реал, Модриќ има спонзорски договори со неколку корпоративни гиганти, кои наводно му носат 10 милиони долари, открива CA Knowledge.
Модриќ поседува и бројни луксузни имоти, вклучувајќи станови и вили во Шпанија и Хрватска. За крај да додадеме дека за пет години, според проценката на CA Knowledge, заработил дури 50 милиони долари.
Се разбира, сите овие податоци треба да се земат со резерва.