Огромни гужви пред продавниците на Икеа во Русија откако вчера шведскиот бренд соопшти дека ги затвора своите продавници во оваа земја.
Икеа во Русија има 17 продавници и околу 15.000 вработени.
Според соопштението од компанијата, обезбедена е поддршка за вработените, а Икеа донираше 20 милиони евра хуманитарна помош за насилно раселените поради конфликтот во Украина.
Под фотографиите од долгите редици во Икеа, објавени во руските медиуми, чести се коментарите дека рускиот народ не направил такви колони пред банките, како што тоа се случува во продавниците за мебел.