Огромен танкер се насука во јужниот дел на преминот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Суецкиот канал синоќа беше повторно блокиран, кога танкер под знамето на Сингапур се насука поради дефект на кормилото.

Танкерот „Affinity V“ долг 250 метри пловел кон Саудиска Арабија кога се насука во близина на местото во тесниот јужен дел на каналот каде што заглавил контејнерскиот брод „Евер Гивен“ во 2021 година, а кој предизвика еднонеделен прекин на сообраќајот.

Како што соопштија од управата на Суецкиот канал, овој пат реморкери (бродови кои влечат други бродови) успеале повторно да го придвижат бродот за пет часа.

Бродот пловел од Португалија до саудиското пристаниште Џанба на брегот на Црвеното Море.

Контејнерскиот брод „Евер Гивен“, кој пловеше под знамето на Панама од Кина до Ротердам, предизвика блокада на Суецкиот канал на 23 март 2021 година, која траеше шест дена.

Застојот доведе до нарушувања на светските пазари, имајќи предвид дека околу 12 отсто од светската трговија се одвива преку Суецкиот канал, кој е најбрзата рута меѓу Азија и Европа.

Повеќе од 15 реморкери учествуваа во операцијата за повторно поридвижување на „Eвер Гивен“, а последниот од 422 пловила што чекаа поради инцидентот помина низ каналот дури на 3 април.

Share This Article