Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што вчера ги погодија јужна Турција и северозападна Сирија се искачи на повеќе од 4.900.
Земјотресите зад себе оставија илјадници повредени луѓе, како и оние кои останаа без покрив над главата бидејќи цели станбени блокови беа срамнети со земја.
Масовната спасувачка операција се уште е во тек. Студеното време ги попречува спасувачите да бараат преживеани.
Асошиетед прес јавува дека пожарот во пристаништето Искендерун на Средоземното Море, кој избувна по земјотресот, продолжува втор ден. Фотографиите и видеата покажуваат густ црн чад што се издига од запалените контејнери кои се урнаа по земјотресот.
Турската државна новинска агенција Анадолу објави дека брод на турската крајбрежна стража помага во гаснењето на пожарот.