Огромен пожар избувна во складиште за хемикалии, предизвикувајќи повеќе експлозии и евакуација на стотици жители, објави „NBC News“.
Пожарот во магацинот во сопственост на „BioLab“, кој произведува хемикалии за базени и средства за чистење, бил пријавен околу 4:30. Можеле да се видат и слушнат повеќе експлозии додека пожарот се шири низ магацинот.
Сив, зелен и бел чад поттикна евакуација на домови и деловни објекти во радиус од 1,5 милји во Конјерс, предградие со околу 10.000 жители на околу 20 милји источно од центарот на Атланта.
– Можете да го почувствувате горењето. Почнавте да се чувствувате како да сакате да кашлате или да плукате – рече Руби Кнауерс, која била меѓу евакуираните.
Првичните проценки велат дека бројот на евакуирани е стотици, но попрецизни бројки не се достапни.
Болниците објавија дека лекувале најмалку девет лица кои имале проблеми со дишењето или страдале поради иритација од хемикалиите. На луѓето кои сè уште се во областа им е препорачано да ги затворат прозорците и да ја исклучат климата.
Државните власти предвидуваа дека пожарот би можел да изгори до вечерта, но пожарникарите рекоа дека пожарот бил локализиран во магацинот.