Ограбиле златарница и ја врзале ќерка му, златарот збеснал, па правдата ја зел во свои раце

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Италијански златар застрелал група од тројца разбојници и убил двајца од нив откако упаднале во неговата златарница и ја врзале неговата ќерка, а камерата го снимила крвавиот пир.

Марио Роџеро (67) застрела и уби двајца разбојници во италијанскиот град Гринзане Кавур на 28 април 2021 година, кога вкупно тројца мажи вооружени со нож и пиштол се обидоа да ја ограбат неговата златарница.

Подоцна се покажа дека нивните пиштоли биле лажни.

Имено, бандитите му се заканувале со смрт на 67-годишникот и неговото семејство, а потоа и ги врзале рацете на неговата ќерка.

Во еден момент, сопственикот истрчал од златарницата и испукал најмалку пет куршуми кон двајца разбојници, Андреа Спинели од Бра и Џузепе Макарино од Торино, кои биле убиени на неколку метри од влезот во зградата, еден среде улицата, другата на аголот со споредна улица.

Во таа прилика бил повреден уште еден разбојник кој по бегството од местото бил пренесен во болница.

Веднаш по инцидентот, Роџеро беше обвинет за прекумерна употреба на сила во самоодбрана, но сега ќе треба да одговара за убиство.

Според јавното обвинителство, Роџеро бркал тројца разбојници кои веќе излегле од златарницата со украдената стока трчале пред продавницата, а од непосредна близина пукал „со намера да ги убие, што претставува намерно пречекорување на границите на легитимната патримонална одбрана“.

– Жал ми е што се случи вакво нешто, многу е лошо, но тоа беше момент или јас или тие – изјави Рожеро кратко по инцидентот.

– Со десната рака го отворив куферот, со левата ја отворив фиоката каде знаев дека ми е оружјето, а набрзо јас и еден од разбојниците се најдовме во ситуација да си го впериме пиштолот еден кон друг. Морав да … потоа побегнаа – рече Роџеро во негова одбрана.

Истата златарница веќе претрпе грабеж пред неколку години, на 22 мај 2015 година, кога двајца крадци, од кои едниот беше маскиран во жена, влегле во продавницата и го врзале сопственикот со пластични врски откако насилно го претепале.

Share This Article