Не може да одите напред ако ги бркате своите „ангели“, а каните „ѓаволи“ од надвор. Оваа порака синоќа му ја испратија „огнените“ на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Тие вчера имаа средба со жители на Сарај на којашто зборуваа за лошата состојба внатре во партијата, како и за нула инвестиции од извршната власт на ДУИ на чело со Артан Груби.
Организаторот на собирот, првиот човек на огранокот на ДУИ во Сарај, Исни Јакупи, рече дека го поканил раководството на ДУИ во Сарај да го изрази незадоволството на жителите за запоставувањето и незастапеноста на Сарај на кое било ниво на извршната власт.
Потпретседателот и еден од челниците на незадоволната група во ДУИ, Изет Меџити, е загрижен од доближувањето на ДУИ до довчерашните политички противници.
Меџити со апел до Артан Груби, да не помисли дека со разрешување на некои функционери ќе ги ослабне, дарувајќи ги нивните позиции на Алијанса за Албанците, бидејќи, како што реле, тие се моќни и без функции, веќе 20 години колку што придонесуваат во ДУИ.
– Не можеме да бидеме мирни и спокојни, да ни биде угодно кога претседателот на ДУИ Али Ахмети е опкружен со Мендух Тачи, Арбен Таравари и со Зијадин Села – рече Меџити во Сарај.