„Огнените“ ќе дејствуваат како фракција – Не заминуваат од ДУИ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Четири часа по почетокот на седницата на централното претседателство на ДУИ, дел од членовите кои се познати како „огнена група“ го напуштија состанокот и најавија дека ќе функционираат како фракција во партијата.

– Разликите се големи и од организациски аспект внатре во ДУИ, но и дебатата за програмските определба, врз основа на што ја добивме и довербата од граѓаните. За жал, немаме можност од реална дебата и се користат двојни или тројни аршини во однос на одредени исти и слични прашања и затоа од денеска ние ќе имаме наши ставови бидејќи ќе дејствуваат како фракција во рамки на ДУИ – изјави актуелниот организациски секретар во ДУИ, Блерим Беџети.

Тие смеаат дека актуелните министри во Владата од ДУИ ја узурпирале партијата со своите одлуки.

– Бидејќи имаме разлики, имаме одредени различни мислења за одредени ставови, ќе имаме наше политичко дејствување оти сметаме дека министрите ја узурпирале партијата со своите одлуки. Тоа што е надлежност на партијата преминува во надлежност на членовите на Владата и тука да се разбереме не се само кадровските прашања, тоа се релевантни и значајни, зборуваме за проргамските определби на ДУИ –  рече Беџети.

На новинарските прашања дали и натаму ќе бидат дел од органите на партијата, тој рече дека не се разрешени.

Share This Article