Огнените јазици им се закануваат на штипски села

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Штипскиот Центар за управување си кризи утрово излезе со вонредна информација дека пожарникарите од Штип веќе се тргнати кон село Драгоево, каде пожарот повторно се разгоре.

„Пожарот кој избувна вчера помеѓу Штипскиот затвор и село Драгоево кој беше ноќеска локализиран и ставен под контрола, во 08.30 часот повторно се активира и се шири кон село Драгоево. ТППЕ- Штип веќе се тргнати кон местото на настанот, како и екипа од полиција. Состојбата се следи, повеќе информации подоцна“, информираат од ЦУК.

Огнените јазици им се закануваат на повеќе штипски села.

Share This Article