More

    Оформени се предмети за две лица за изборен поткуп во Велес

    spot_img

    Изборниот процес генерално се одвива  мирно и без поголеми нарушувања и инциденти кои би имале кривичен епилог, оцени привремената комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела против изборите и гласањето како и други изборни нерегуларности денеска континуирано го следи текот на изборниот процес на Парламентарните избори и вториот круг од изборите за Претседател .

    Претседателот на комисијата Џељаљ Бајрами изјави дека до дежурните екипи на јавните обвинителства досега се пристигнати известувања за сомневање дека е вршен  изборен поткуп во Охрид и крива Паланка.

    -Досега нема пријавени инциденти кои би имале кривичен епилог. Известувања за сомненија за поткуп на гласачи беа примени и во Охрид и во Крива Паланка, меѓутоа до овој момент за овие настани не е поднесена кривична пријава до надлежните обвинителства. Доколку биде поднесена пријава, обвинителствата веднаш ќе преземат дејствија на проверки – рече  Бајрами.

    Тој информира дека за вчерашниот настан во кој се приведени две лица кои носеле оружје и муниција се преземени мерки од основното обвинителство во Велес.

    -Во текот на вчерашниот ден, веќе известивме дека по поднесена пријава во ОЈО Велес со сомненија за изборен поткуп и пронајдено оружје и муниција беше оформен предмет во ОЈО Велес за две лица. За едното лице веќе има итна постапка со предлог за притвор за поголемо количество оружје и муниција кои беа пронајдени кај него. За второто лице предметот ќе оди во редовна постапка, а во исто време, ОЈО Велес веќе презема дејствија за проверка на наводите кои се однесуваат на изборен поткуп – рече Бајрами.

    Според него, досега имало мал  број настани кои можат да се окарактеризираат како кривични и  како што рече може да се рече дека изборниот процес е мирен.

    -И понатаму до овој момент станува збор за мал број настани кои би можеле евентуално да имаат обележја на кривично дело, па може да се даде една генерална оценка дека целиот изборен процес до овој момент поминува без поголеми нарушувања од аспект на јавнообвинителското постапување- рече Бајрами.

    Тој потсети дека на веб страната на ОЈО  izbori@jorm.mk  граѓаните можат да пријавуваат настани поврзани со изборниот процес кои може да имаат кривичен предзнак.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img