Причината за смртта на британскиот актер Џулијан Сендс ќе се води како „неодредена“, откако неговите посмртни останки се најдени на планината на која престојувал.
Имено, ова денеска го соопштил службеник за јавно информирање од канцеларијата на шерифот од округот Сан Бернардино, пренесуваат странските медиуми.
Како што објаснил во своето јавно обраќање, таквиот расплет на настаните е вообичаен, ако се земе предвид во каква состојба е неговото тело, поточно останките, најдени на планината.
Потсетуваме, Џулијан Сендс, страствен планинар, исчезнал на 13-ти јануари оваа година при искачување кон 3.048 метри висок врв источно од Лос Анџелес.
Џулијан Сендс е роден во Велика Британија, а најпознат е по улогата во филмот „Соба со поглед“ од 1985 година.
Беше оженет со новинарката Евгенија Читкович со која има три возрасни деца.