Шпанскиот играч за врска Родри потпиша нов тригодишен договор со Манчестер Сити, па на „Етихад“ ќе остане до 2027 година.
Тој пристигна во 2019 година од Атлетико Мадрид и за три сезони одигра 151 натпревар во дресот на граѓаните.
Минатата сезона со седум гола во Премиер лигата му помогна на тимот да стигне до нова титула.
„Доаѓањето во Сити во 2019 година е најдобрата одлука во мојата кариера. Уживав во секоја секунда овде. Навивачите ми се одлични и менаџерот ме бодри секој ден. Напредував како играч и сакам да му се заблагодарам на Пеп и неговиот стручен штаб за помошта“, изјави 26-годишниот играч.