Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) објави дека го суспендирала учеството на руски и белоруски претставници во работните тела поради руската инвазија на Украина.
ОЕЦД официјално ги прекина преговорите за членство на Русија на 25 февруари, ден по почетокот на руската инвазија на Украина. Преговорите се замрзнати од 2014 година и руската анексија на Крим.
Во вторникот тие објавија дека „поради општата руска агресија врз Украина, Советот на ОЕЦД одлучи веднаш да го суспендира учеството на Русија и Белорусија во органите на ОЕЦД“.
Советот ќе продолжи да ја следи ситуацијата, се додава во соопштението.
Во исто време, членките на ОЕЦД побараа од генералниот секретар да подготви предлози за дополнителна поддршка за украинската влада, вклучително и помош за закрепнување и реконструкција.