Денес на иницијатива на СВР Охрид во просториите на општина Дебрца се одржа состанок за заштита од пожари на отоврен простор, каде покрај претставници на СВР Охрид присуствуваа и претставници на месните заедници во општината, членови на Штабот за заштита и спасување во општина Дебрца како и претставници на ЈП ,, Национални Шуми” подружница ,, Галичица”.
На координативниот и советодавен состанок беше анализиран степенот на загрозеност на шумите на подрачјето на општина Дебрца како и шумски предели и необработливо земјоделско земјиште од пожари како и превенција за рана детекција на пожар на отворен простор.
Од страна на претставници на СВР Охрид присутните беа известени за формирање на мобилни тимови составени од надлежни служби кои, ќе вршат патрола на територија на општина Дебрца за избегнување на пожар на отворен простор.
Воедно присутните беа известени и за забраната за движење во шуми и шумски предели без согласност издадена од ЈП ,, Национални Шуми” подружница ,, Галичица” да не се движат во шумите и истата треба да се почитува и подлежи на санкции.
Од страна на претставници на општина Дебрца беше истакнато дека општината ќе ја прошири и подобрува соработката со сите надлежни институции особено во делот за заштита од пожари на отворено.
Воедно упативме апел до претставниците на месните заедници за соработка со мобилните тимови како и соработка со СВР Охрид се со цел избегнување на пожари, како и да ги почитуваат насоките издадени од страна на надлежните институции во Република Македонија.