Вчера во просториите на Општина Ресен се одржа состанок на работната група за проектот ЕУ за Преспа.
На состанокот се разговараше за прекуграничните соработки преку ИПА ИНТЕРРЕГ програмата,
за економскиот развој на Преспа со имплементирање на активности финансирани од ЕУ, како и за заштитата и подобрување на еколошката состојба во Преспа преку третирањето на вода и за третирање на отпадните води.