Одобрени поостри ковид мерки, следи „амин“ од Бундестагот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Германскиот кабинет во текот на вчерашниот ден одобри поостри мерки за превенција пред новоочекуваниот бран на ковид-19 есенва, јави ДПА.

Меѓу мерките се и задолжително носење маска тип ФФП2 во авиони и возови на подолги релации на национално ниво.

Медицински маски ќе можат да носат и деца на возраст од шест до 14 години, како и персоналот.

Маските се задолжителни во клиники и домови за стари лица, а потребен е доказ за негативен тест на ковид-19 пред да се влезе.

Сојузните држави ќе може да воведат дополнителни заштитни барања од 1 октомври до 7 април, зависно од нивото на инфекција.

Тука е вклучено задолжителното носење маски во локални автобуси и возови, како и во други јавно достапни затворени простории.

Исклучок за носењето маска е доколку лицето може да покаже негативен тест ако сака да присуствува на културни, рекреациски или спортски настани, но и за влез во ресторани. Исто така, барањето да се носи маска може да не важи, во случај лицето да докаже оти е целосно вакцинирано или закрепнато.

Овие планирани правила произлегуваат од концепт предложен од министрите за здравство и правда, Карл Лаутербах и Марко Бушмен, на почетокот од август.

Како што појасни Лаутербах, целта е да се избегне висока стапка на починати лица, изгубени работни денови и сериозни долгорочни последици.

- Advertisement -
Ad image

Откако Кабинетот ги одобри мерките, тие сега се пред Бундестагот, каде може да поминат на 8 септември.

Share This Article