More

    Одобрена вакцина за мајмунски сипаници

    spot_img

    Европската агенција за лекови (ЕМА) во петокот објави дека одобрила вакцина против сипаници и за употреба во превенција од мајмунска сипаница, болест која се шири и за која Светската здравствена организација може да издаде максимално предупредување.

    – Комитетот за лекови за човечка употреба на ЕМА ja препорача антивирусната вакцина „Imvanex“ да биде вклучена во заштитата на возрасните од мајмунски сипаници – соопшти европскиот регулатор за лекови.

    Се смета дека вакцинацијата против сипаници обезбедува цврста заштита од мајмунски сипаници, но не е познато колку долго трае заштитата по вакцинацијата.

    Во јуни, Комитетот за лекови за хумана употреба (CHMP) на Европската агенција за лекови (EMA) започна со евалуација на податоците за проширување на индикацијата на вакцината „Imvanex“ за нејзина употреба за заштита од мајмунски сипаници.

    Вакцината „Imvanex“, произведена од данската компанија „Bavarian Nordic“, е одобрена во ЕУ од 2013 година за превенција од сипаници.

    Ситуацијата со мајмунски сипаници се влоши во последните недели, а во 71 земја сега има повеќе од 15.300 заразени, покажуваат најновите податоци на санитарните власти во Соединетите држави (ЦДЦ).
    На првиот состанок на 23 јуни, повеќето експерти му препорачаа на шефот на СЗО да прогласи алармантна ситуација на меѓународно ниво.

    За прв пат дијагностицирани кај луѓето во 1970 година, мајмунските сипаници се помалку опасни и заразни од малите сипаници, кои беа искоренети во 1980 година.

    Мајмунските сипаници се карактеризираат со рани на кожата кои можат да се појават на гениталиите или на устата. Болеста е придружена со треска, болки во грлото и болки во лимфните јазли и осип кој наликува на осип што се јавува кај сипаници.

    Болеста обично поминува сама по себе, но може да биде многу болна.

    Вакцината „Imvanex“ моментално е одобрена во Европската унија (ЕУ) за спречување на инфекција со сипаници кај возрасни. Содржи жива модифицирана форма на вирусот наречена „Анкара вакцина“, која е поврзана со вирусот на големи сипаници.

    Залихите на вакцините „Imvanex“ во ЕУ во моментов се многу ограничени.

    Вакцината „Imvanex“ е одобрена на американскиот пазар под името „Jynneos“, каде што е одобрена за превенција од мајмунски сипаници, како и од сипаници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img