Одобрена продажбата на Челзи, пари на замрзната сметка

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Конзорциумот предводен од американскиот милијардер Тод Боели ќе добие одобрение од британските власти да го купи фудбалскиот клуб Челзи, очекувано, во рок од 24 часа.

Според Скај, британските власти добиле правни гаранции дека сопственикот на Челзи, Роман Абрамович нема да има корист од продажбата на клубот, што значи дека можат да одобрат зделка вредна 4,25 милијарди фунти.

Приходите од продажбата ќе одат на замрзната сметка контролирана од британската влада. Освен во Велика Британија, Абрамовиќ беше санкциониран од Европската Унија, а бидејќи има португалски пасош, продажбата ја одобрија португалските власти.

Абрамович по 19 години повеќе нема да биде сопственик на Челзи. Плавци во тој период освои 21 трофеј, од кои пет титули во Премиер лигата и две ЛШ.

Абрамович мораше да го продаде клубот поради наводните врски со рускиот претседател Владимир Путин во екот на воената интервенција во Украина. Неколку дена по почетокот на војната, на 24 февруари, Абрамович го објави клубот на продажба.

Тој беше дел од делегацијата која учествуваше на мировните преговори меѓу Русија и Украина. Британската влада воведе санкции против него на 10 март, но на Челзи му даде посебна работна дозвола, која истекува на 31 мај. Американскиот милијардер Тод Боели е сопственик на бејзбол тимот Лос Анџелес Доџерс, а има акции и во Лејкерс и Спаркс.

Share This Article